Без градско дерби во полуфиналето на ФА Купот

0

Освојувачот на ФА Купот на Англија, Манчестер Сити во полуфиналето ќе се соочи со Арсенал. Манчестер Јунајтед ќе го пречека Челзи.

Тоа е резултат на денешната ждребка за полуфиналната фаза од ФА Купот, која ја направи легендата на англискиот фудбал Алан Ширер на паузата од последниот натпревар од четвртфиналето, дуелот меѓу Њукасл и Манчестер Сити.

Вчера Манчестер Јунајтед го победи Норвич по продолжение, а денес на „црвените ѓаволи“ им се придружија и Арсенал, кој го совлада Шефилд Јунајтед со 2:1, Челзи, кој го елиминираше Лестер по победата од 1:0. Последниот полуфиналист беше Манчестер Сити, кој го елиминираше Њукасл по победата од 2:0 на „Сент Џејмс Парк“.

Натпреварите ќе се играат на „Вембли“ викендот на 18 и 19 јули. Финалето е на 1 август.

Share.

Leave A Reply