Без изненадувања во битката за пол-позиција

0

Возачите на Мерцедес ја продолжија доминацијата во тековнава сезона во Ф1. Тие ги освоија првите две места на денешните официјални квалификации за утрешната трка на патеката во Монако.

Првото место му припадна на Луис Хамилтон кој беше побрз од тимскиот колега Валтери Ботас. Макс Верстапен од Ред Бул имаше трето време додека возачот на Ферари, Себастијан Фетел, имаше мал инцидент пред финишот и мораше да се задоволи со четвртата позиција.  Лоши квалификации имаше и вториот возач на Ферари, Чарлс Леклерк, кој ќе стартува дури од 16 позиција. Шестата трка од тековната сезона во Ф1 за  ГН на Монако ќе биде реализирана в недела од 15:10 часот.

На табелата кај возачите лидер е Хамилтон со 112 бодови пред Ботас со 105 и Верстапен 66. Кај конструкторите на првото место е Мерцедес со 217 бодови пред Ферари со 121 и Ред Бул со 87.

 

Share.

Leave A Reply