Без странските засилувања ќе ги продолжиме квалификациите

0

Марјан Лазовски, селекторот на нашата женската сениорска репрезентација го скрати списокот на вкупно 13 кошаркарки кои треба да се појават на претстојните квалификации за Европското првенство.

Тој првата прозивка ќе ја има на 12 ноември во малата сала во спортскиот центар  -„Јане Сандански“. Еве го списокот на нашите репрезентативки.Анџелика Митрашиновиќ, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Софија Лазареска, Александра Стојановска, Ивана Кметовска, Матеа Николиќ, Јована Петрушевска, Јелена Антиќ, Цветанка Димова, Анамарија Шеќероска, Ивона Кожобашиовска и Кристина Јаневска.

Нашите кошаркарки во продолжението на квалификациите на 17 ноември во СЦ „Јане Сандански“ ќе играат со Шведска додека четири дена подоцна ќе гостуваат во Хрватска.

 

 

Share.

Leave A Reply