БИБЛ го одложи мечот меѓу Куманово и Берое

0

Натпреварот меѓу екипите на Куманово 2009 и Берое, кој беше предвиден да се игра на 20 ноември (петок) во рамките на новото коло од регионалната БИБЛ лига е одложен. Подоцна ќе биде одреден новиот термин за негово одигрување.

Како главна причина за ова одложување, менаџментот на БИБЛ лигата го наведува факторот дека има нови, позитивни случаи на Ковид-19 во редовите на нашиот претставник.

Ова е веќе втор случај на одложување на еден меч кој треба да го игра Куманово 2009. Минатата недела, поради истите причини, во последен момент мораше да биде одложен натпреварот со екипата на ТФТ во Скопје.

Share.

Leave A Reply