Кошаркарот на Чикаго Булс, Дензел Валентајн, ќе мора да оди на операција на глуждот, објави тимот од НБА конкуренцијата.
25-годишниот играч го очекува рехабилитација најмалку од 4 до 6 месеци што практично ќе стави крај на неговите надежи за повторно да заигра во тековнава сезона. Популарните „Биковите” објавија дека Дензел може да се вклучи во тимот дури во почетокот на предсезонските подготовки во текот на наредното летото иако потајно се надеваат дека неговото опоравување ќе оди со побрзо темпо.
Дензел кој се повреди некаде во средината на септември се обиде да остане активен под обрачите, но, последните лекарски прегледи потврдиле дека ќе мора да оди на операција.