Билбао може да остане без натпревари на ЕУРО 2020

0

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) објави дека ќе биде невозможно Баскија да ги исполни новововедените владини протоколи, што ќе им овозможи на навивачите да бидат присутни на стадионите во Билбао за време на ЕП ова лето, а тоа значи дека може да се случи да не можат да се одиграат натпреварите во овој град.

„Вчера добивме список со барањата што ги воведе баскиската влада во врска со присуството на навивачи на евро-натпревари и уште од прв поглед бевме принудени да констатираме неможност за нивно прифаќање од Шпанската фудбалска федерација. Условот за вакцинирање на 60% од населението во Билбао и остатокот од Шпанија пред 14 јуни не може да се исполни и затоа натпреварите ќе мора да се играат со празни трибини. Така, Шпанската фудбалска федерација нема да одговара за одлуката на УЕФА по анализата на овој документ, бидејќи за тоа веќе го известивме и организацискиот одбор“, се вели во информацијата објавена од шпанската фудбалска федерација.

Share.

Leave A Reply