Билетите за Полска и Австрија по 150 денари

0

Македонската фудбалска репрезентација на 7. и 10. јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020.

По триумфот над Летонија и освоениот бод во Љубљана против Словенија, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со фаворитите во групата, репрезентациите на Полска и Австрија.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020.

Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска ќе можат да купат билет за натпреварите против  Полска и Австрија преку продажната мрежа на MKTickets и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall (пред влезот на кафулето Play).

Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1. јуни (сабота), а од 3. јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“.

Цената на влезниците изнесува од 150 денари.

Share.

Leave A Reply