Билиќ и играчите не го сакале Паје во Вест Хем

0

Менаџерот на тимот Славен Билиќ и играчите на Вест Хем се во основа тие кои што биле за да се реализира трансферот на Димитри Паје во Олимпик Марсеј. Целиот тим покажал одреден притисок на клупските челници, кои биле принудени да го продадат фудбалерот за 25 милиони фунти, иако сакаа 5 милиони фунти оовеќе.

„Менаџерот и играчите не го сакаа повеќе Паје. Тој не беше добредојден во соблекувалната. По сето она што се случи, сите сметаа дека е најдобро да си замине од клубот. Билиќ и момчињата зборуваа со раководството и ја споделија нивната желба. Немаше друга опција освен Паје да биде продаден”, изјави близок извор до клубот за весникот „Сан”.

Димитри Паје синоќа се појави на „Велодром“, влезе во игра во 94 минута и ги одигра преостанатите минути од продолжението на натпреварот кој најнапред заврши нерешено 1:1, а потоа Олимпик Марсеј победи со 2:1 со гол во продолженијата.

Share.

Leave A Reply