Бираги потпиша нов договор со Фиорентина до 2024 година

0

Италијанскиот репрезентативец Кристијано Бираги потпиша нов договор со Фиорентина до 2024 година, објави новинарот Џанлука ди Марцио.

28-годишниот Бираги првпат го носеше дресот на Фиорентина во сезоната 2017/18, кога беше префрлен од Пескара. Потоа беше купен од „Виолетовите“, но во последната сезона 2019/20 повторно позајмен, овој пат во Интер.

За оваа екипа Кристијано Бигари одигра вкупно 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола. Сепак по завршувањето на сезоната се врати во Фиорентина каде што ќе остане и во наредните неколку сезони.

Share.

Leave A Reply