Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе го одиграат вториот натпревар од групната фаза во Купот на ЕХФ. Тие на домашен терен ќе го пречекаат унгарскиот состав Татабања.
Битолчани на денешната пресметка ќе бидат без Дејан Пецаковски и Филип Чурлевски додека за противничкиот тим нема да настапи хрватскиот репрезентативен бек, Јаков Вранковиќ, кој претходно го пропушти и мечот со Нексе. Средбата меѓу Еурофарм работник и Татабања ќе започне во 19.00 часот.
Вчера во нашата група Нексе го совлада Хановер со 29 спрема 25 и со максимални четири бодови го запоседна првото место. Германците имаат 2 бода додека нашиот тим и Tатабња допрва ги очекуваат првите бодови.