Ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно одиграа драматичен меч кој го загубија со само еден гол разлика. Во салата во Битола во рамките на групата „Б“ во СЕХА конкуренцијата, екипата на ППД Загреб успеа да слави со 28 спрема 27.
Гостите од Хрватска откако одлично го отворија мечот успеаа да ја сочуваат предноста до самиот крај и на некој начин заслужено да ги однесат бодовите. „ Во редовите на домашниот тим најпрецизен беше Остроушко со 7 голови додека крилото на гостите, Златко Хорват, имаше сто процентен ефект од 10 погодоци од исто толку обиди.
Нашиот тим пред гостувањето во Унгарија кај Веспрем, се наоѓа на четвртото место на табелата со 9 бодови.