Ракометарите на Еурофарм работник денеска од 16.30 во салата во Прешов ќе го одработат официјалниот тренинг пред утрешниот меч со Татран во рамките на групата „Ц“ во Лигата на шампионите.
Битолчани на средбата во Словачка ќе ги немаат Милорад Кукоски кој се повреди на тренинг и Никола Маркоски кој не е целосно заздравен по повредата на прстот. Со екипита не замина ниту десниот бек, Михајло Петровски.
Утрешниот натпревар меѓу Татран и „Фармацевтите“ ќе започне од 18:00 часот а ќе го судат Французите, Карим и Рауф Гасми.