Битолчани на мегдан со фаворитот

0

Ракометарите на Пелистер го добија најтешкиот противник во денешното составување на двојките за 1/8 финалето во Челенџ Купот.

На денешната ждрепката во Виена среќата не беше на страната на Пелистер бидејќи избраниците на Касим Каменица ќе треба да одиграат двомеч со португалскиот, Спортинг Лисабон, кој се вбројува меѓу главните кандидати за освојување на победничкиот пехар.

Нашиот состав првиот меч против Португалците ќе го одигра догодина на домашен терен на 18 или 19 февруари а реваншот ќе биде една недела подоцна во Португалскиот дел на Пиринеите.

Share.

Leave A Reply