Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз ја започнаа групната фаза во Купот на ЕХФ. Тие денеска загубија на теренот на бундеслигашот Хановер со 24 спрема 21 иако речиси до самиот крај беа рамноправен противник.
Битолчани во завршните минути не искористија неколку напади а домаќинот тоа знаеше да го казни и да ги запише првите бодови во групата. Во нашиот тим најпрецизен беше Граѓан со 6 голови додека Кузмановски и Остроушко постигнаа по 4. Во германскиот состав се издвои Олсен со 7 погодоци. Во вториот меч во групата „Б“ Нексе славеше на теренот на Татабања со 28 спрема 27.
Во второто коло, Еурофарм Работник на 17 февруари ќе го пречека составот на Татабања додека ден претходно, Нексе ќе биде домаќин на Хановер.