Битолчани се збогуваа со Европа

0

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ги завршија обврските во Лигата на ЕХФ откако и на реваншот од 1 / 8 финалето беа совладани од германскиот состав Магдебург со  35 спрема 24.

Епилогот е сосема реален споредено со квалитетите на два тима и шампионатите кои ги претставуваат. Домаќинот откако одигра порелаксирано во првиот дел, во вториот го покажа вистинското лице и дојде до сигурна победа.

Кај нашиот тим се издвои бекот Мандалиниќ со седум голови Маџовски постигна 5. Еурофарм Пелистер сега ќе ги насочи мислите кон настапите во СЕХА лигата и завршницата од домашниот Куп и првенството.

Share.

Leave A Reply