Битолчани во група, Металург и Бутел во квалификации

0

Европската ракометна федерација денеска ги потврди тимовите учесници за новата сезона на ЕХФ Купот кој отсега ќе го носи името ЕХФ Европска Лига.

Еурофарм Пелистер влегува меѓу дванаесетте клубови кои имаат загарантирано место во групната фаза додека два македонски клуба преку квалификациите ќе се борат за место во групниот дел. Тоа се Металург и Бутел кои ќе мораат да поминат преку две квалификациски кола.

Нивните противници допрва треба да им бидат одредени. Првите мечеви на стартот на квалификациите ќе бидат одиграни на 29 и 30 август а реваншите се веднаш потоа во почетокот на септември.

 

Share.

Leave A Reply