Бизли користел допинг!

0

Кошаркарот од НБА лигата, Мајкл Бизли, доби забрана за настап на пет натпревари поради користење на недозволени сусптанци, објавија медиумите во САД.

Некогашниот втор пик на драфотот кој во моментов нема клуб, ќе започне да ја издржува казната откако ќе обезбеди нов состав и ќе потпише договор за соработка.

Бизли кој во изминатата сезона одигра 26 мечеви за  Лос Анџелес Лејкерс, имаше во просек 7 поени и 2,3 скока. Црномурестиот кошаркар во 11 сезони во НБА лигата настапувал за седум екипи.

 

Share.

Leave A Reply