Бјоркман: Промените се составен дел од тенисот

0

Поранешниот број 4 на АТП листата, Јонас Бјоркман, се обиде да ја долови сликата како би изгледал тенисот без Роџер Федерер и Рафаел Надал. Швајцарецот и Шпанецот кои ги лекуваат повредите, за прв пат од 2001 година не беа меѓу учесниците на завршниот „Мастерс“ во Лондон.

„Ќе биде тешко кога Федерер и Надал ќе одлучат да ја прекинат кариерата. Истото беше и кога луѓето се прашуваа како ќе изгледа тенисот без Едберг, Бекер, Агаси и Сампрас“ вели Бјоркман.

„Постојано доаѓаат нови момци кои прават добри работи на теренот. Ги ледаме Кирјос и Зверев. Тие одат нагоре и навистина е прекрасно да се видат нови лица “, рече 44-годишниот Швеѓанец кој сега работи во штабот на Марин Чилиќ

Share.

Leave A Reply