Бјорндален: Ќе се тркам и до 70 години!

0

Осумкратниот олимписки шампион во биатлон, Оле Ајнар Бјорндален изјави дека се чувствува во одлична кондиција и може да се натпреварува до 70-годишна возраст.

Норвежанецот ќе биде на 44 години за време на Зимската Олимпијада во Пјонгчанг следната година, која за него ќе биде седма во кариерата.

„Животот на професионалниот спортист е прекрасен. Се чувствувам одлично во оваа улога и ми се чини дека можам да се натпреварувам и до 70 години”, изјавил легендарниот биатлонец.

Share.

Leave A Reply