Кошаркарите на Блокотехна успеаа да ја освојат регионалната БИБЛ лига откако во финалето на завршниот Ф4 турнир во Албанија славеа на мечот со домаќинот Теута со 82 спрема 68.
Нашиот тим од самиот почеток наметна атрактивна и брза кошарка и направи голема предност со која практично го реши победникот. Блокотехна во еден миг имаше огромна предност од 70-45. Американецот, Пен со 24 поени беше најдобар на теренот. Николиќ имаше 15 кошеви, Младеновиќ заврши со 12 поени и седум асистенции.
Блокотехна е вториот тим од нашава земја кој ја освои БИБЛ лигата, претходно тоа го направи Фени Индустри во сезоната 2010/11.