Кошаркарите на Блокотехна, не успеаја да го освојат малото финале на Ф4 турнирот од регионалната БИБЛ лига. Во мечот за 3. место денеска во Самоков, гевгеличани по продолженија беа поразени од домаќинот на турнирот, Рилски Спортист со 92-79.
Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 77-77, а во дополнителното време нашиот тим постигна само два поени со што предвреме како да се предаде.
Најдобар кај Рилски Спортист беше Маринов со 25 поени, додека Тејлор заврши со 10, а кај Блокотехна, Данило Мијатовиќ беше перфектен со 31 поен, а Младеновиќ застана на 16 поени.