BMW не планира да се врати во Формула 1, дури и покрај претстојната промена на регулативите.
Ова го изјави првиот човек на одделот за мотоспортот на компанијата Јенс Маркард. Маркард стави до знаење дека причината за оваа одлука лежи во сериозни технолошки разлики.
„Сегашниот хибриден мотор V6 нема никаква врска со масовно производство на автомобили. Од гледна точка на инженерството, им симнувал капа на луѓето од Формула 1 за сработеното. Но, овие технологии немаат никаква врска со производствените автомобили“, вели тој.