Боаш несреќно го заврши дебитантскиот настап

0

Поранешниот фудбалски стратег, Андре Виљаш Боаш, кој се определи годинава за прв пат да настапи на Релито Дакар, заработи потешки повреди додека ја возеше четвртата етапа во Сан Хуан де Маркона.

Португалецот се преврте откако удри во песочна дина со возилото на Тојота по што мораше веднаш да биде однесен в болница.

„Андре беше експресно префрлен в болница со повреди на грбот. Тоа го засени неговото одлично деби на Релито Дакар”, изјави директорот на тимот Жан Марк Фортен. Виљаш по првите три етапи ја имаше 43. позиција во генералниот пласман но, сега е принуден да се повлече од Релито.

 

Share.

Leave A Reply