Боатенг: Ако играме како против Хановер, ПСЖ ќе не уништи

0

Дефанзивецот на Баерн (Минхен) Жером Боатенг е свесен дека неговата екипа ја очекува тежок натпревар со ПСЖ и затоа потенцираше дека ако го повторат настапот од натпреварот против Хановер во Бундеслигата нема да поминат добро. Баварците стигнаа до трите бода во второто полувреме, но дозволија премногу грешки на дефанзивен план.

„Во последниот натпревар не игравме добро. Се браневме многу лошо, а со тоа оставивме многу простор за играчите на Хановер кои лесно доаѓаа до можност да го загрозат нашиот гол. По паузата работите малку се подобрија, но ако дејствуваме на ист начин и против ПСЖ, тие ќе не уништат”, изјави Боатенг.

Двобојот на „Алианц арената“ е вечерва. ПСЖ има 3 поени предност во однос на Баерн, а освен тоа и при минимален пораз би останале таму поради високата победа на првата средба во Париз со 3:0 против Баерн Минхен.

Share.

Leave A Reply