Некогашната ѕвезда на Тотенхем, Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг, веќе е во Барселона каде наскоро треба да ја потврди позајмицата во каталонскиот гигант. Како што објавија и италијанските и шпанските медиуми, Боатенг е на чекор од сензационално враќање во Шпанија, каде претходно настапуваше и за екипата на Лас Палмас.
Кевин-Принс ќе биде со статус на позајмен играч на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната, а во договорот со Сасуоло ќе има и опција за евентуално откупување на договорот. Валверде верува дека Боатенг е токму профилот на играч кој во моментов му е неопходен за да ја заврши успешно сезоната. Од Барса активно бараат офанзивен фудбалер кој ќе биде подготвен да се задоволи со улогата на резерва, но истовремено да го има потребното искуство и квалитети да помага на составот.