Боатенг размислува да си замине од Баерн Минхен

0

Германскиот репрезентативец Жером Боатенг ја потврди желбата да си замине од Баерн (Минхен). По седум сезони во дресот на баварците тој размислува да прифати нов предизвик.

„Многу е тешко да го напуштиш Баерн, но вистината е дека тука не се чувствувам добро”, изјави централниот дефанзивец по поразот од Ајнтрахт Франкфурт во финалето на Купот на Германија.

По неколку месеци Боатенг ќе наполни 30 години. „Во Минхен освоив сè, а веќе сум на возраст на која размислувам повторно да играм во странство. Прашањето е во која земја и во кој клуб”, додаде играчот кој стана светскит шампион со Германија во Бразил. Боатенг е во Баерн Минхен од 2011 година, откако претходно играше неуспешна сезона во Манчестер Сити. Тој потекнува од фудбалската школа на Херта (Берлин), а во кариерата има настапувано и за Хамбургер.

Share.

Leave A Reply