Бобан Николов е нов член на Лече

0

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов и официјално кариерата ќе ја продолжи во Италија, каде во наредниот период ќе настапува за екипата на Лече.

26-годишниот играч за врска, кој веќе неколку години, најнапред во младата, а сега и сениорската репрезентација е стандарден репрезентативец утрово пристигна во Лече и по успешно завршените лекарски прегледи стави потпис на договор со амбициозниот италијански второлигаш.

Македонскиот репрезентативец во Лече доаѓа од редовите на унгарски МОЛ Види, а претходно настапуваше и за екипите на Виторул Констанца во Романија и Вардар. Николов очекува да добие добра минутажа во редовите на Лече со што ќе ја одржува формата за Европското првенство.

Николов ќе им се приклучи на Горан Пандев, Илија Несторовски, Елиф Елмас и Жута, кои во моментов се во Италија.

Share.

Leave A Reply