Богатите шеици преговараат со Почетино

0

Медиумите во Англија денеска објавија дека поранешниот тренер на фудбалерите на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем, Маурисио Почетино, е главен кандидат да седне на клупата на Њукасл.

Наводно, стратегот од Аргентина води активни преговори со потенцијалните нови сопственици на клубот кои доаѓаат од Саудиска Арабија. Сегашниот прв човек на премиер-лигашот, Мајк Ешли, најверојатно ќе продаде 80 проценти од акциите на саудискиот конзорциум предводен од арапскиот принц, Мохамед бин Салман.

Според наводите во медиумите, вкупниот договор ќе биде во висина од 300 милиони фунти.

Share.

Leave A Reply