Српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ вчера го опреираше левото колено и ќе мора да паузира меѓу 4 и 6 недели од кошаркарските терени, објавија од екипата на Сакраменто Кингс.
Кошаркарот мораше да оди на операција по обновената повреда за време на последните репрезентативни настапи. О дклубот инсистира атаа да се заврши што побргу, за да можат да сметаат на него од стартот на новата сезона.
Минатата сеозна како „руки“ кошаркар во НБА лигата, Богдановиќ имаше просек од 11,8 поени, 3,3 асистенции и 2,9 скокови на 78 одиграни средби.