Болт нема да трча на IAAF World Relays на Бахамите

0

Светскиот шампион на 100 и 200 метри, Јусеин Болт, најави дека ќе ги прескокне настапите на IAAF World Relаys на Бахамите следниот месец и ќе остане фокусиран на главните настани за оваа сезона.

„Мојот тренер не рече ништо околу учество на овие натпревари, па се сомневам дека ќе бидам таму оваа година. Јас само се обидувам да останам без ниту една повреда и да се подготвувам за големите настани“, изјавил Јамајчанецот.

Најавите од медиумите велат дека првите годинешни настапи на најбрзиот човек на планетава можат да се очекуваат на првите митинзи во Јамајка кои се планирани за стартот на јуни.

Share.

Leave A Reply