Болт: Ова е дефинитивен крај

0

Атлетската легенда Усеин Болт и по завршувањето на последниот ден на атлетското светско првенство во Лондон потврди дека овој настан и дефинитивно беше последниот во неговата кариера како спринтер.

30-годишниот спринтер од Јамајка го истрча последниот круг на лондонскиот стадион вчера и им изјави на новинарите дека не размислува за кам-бек. Болт настапи на трките на 100 метри и на штафетната трка 4х100 метри, која не успеа да ја заврши поради повреда.

„Навистина е тажно што морам да заминам сега. Не постои можност за враќање назад. Сум видел многу луѓе кои се пензионирале, па се вратиле во спортот, но ниту еден кам-бек не бил добар. Никогаш нема да се вратите подобар. Јас нема да бидам еден од тие“, изјави кралот на спринтот.

Share.

Leave A Reply