Болт vs. Гетлин – вечерва на 4 х 100 метри!

0

Светот на атлетиката вечерва ќе го види последен дуел меѓу Усаин Болт и Џастин Гатлин. И двајцата ќе бидат дел од трката на штафетите на Јамајка и САД на СП во Лондон.

Американците, во состав Мајк Роџерс, Гатлин, Би Џеј Ли и Кристијан Колман, победија на првата квалификациска серија со време 37.70 секунди. Тие беа побрзи од Британците и Јапонија, кои исто така си обезбедија место во финалето.

Трејси, Џулијан Форте, Мајкл Кемпбел и Болт пак беа најбрзи во втората серија, откако на целната линија стигнаа со време 37.95 секунди. Втора остана штафетата на Франција, а трета заврши Кина.

Share.

Leave A Reply