Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Вилфред Бони, бил фотографиран како работи со тимот на Њупорт.
Клубот од Велс кој игра во Лига 2 е одушевен што го има Бони а тоа тоа потврдува и тренерот, Мајк Флин, кој истакна дека неговите играчи може да научат многу од човекот кој потекнува од Брегот на Слоновата Коска. Бони во 2015 година беше купен од „граѓаните“ за 30 милиони евра, но, не успеа да се наметне за првиот состав во исклучително силна конкуренција.
Црномурестиот фудбалер последен пат беше активен во екипата на Ал-Араби од Катар.Таму одигра седум натпревари и постигна пет голови.