Бонучи најверојатно ќе се пензионира во Торино

0

Искусниот дефанзивец на фудбалскиот состав Јувентус, Леонардо Бонучи, ја продолжи соработката со екипата од Торино до 2024 година.

Италијанскиот состав намерно го определи  19 ноември како ден кога ќе потпише нов договор со Бонучи бидејќи тоа е бројот што го носи искусниот дефанзивец. 32-годишниот Бонучи кој во 2010 година се пресели во  редовите на „старата дама“,  досега одигра 376 натпревари.

Бонучи сезоната 2017/18 ја помина како играч на Милан а веднаш потоа се врати во „црно-белиот“ дрес. Сега откако го продолжи договорот на нови четири години, тоа значи дека во Јуве ќе ја заврши и кариерата.

Share.

Leave A Reply