Борко очекува победа над Војводина и добра игра на стартот на полусезоната

0

Ракометарите на Вардар утре се враќаат на терен. Во Скопје гостува Војводина во меч од регуларниот дел на СЕХА лигата. Во пресрет на мечот, голманот Борко Ристовски вели дека ова е еден од важните мечеви за успешен старт на вториот дел од сезоната.

„Не очекува почеток на вториот дел од сезоната. Мечот со Војводина можеби не е многу атрактивен и привлечен за јавноста, но за нас многу важен, затоа што сакаме овој дел да го почнеме со победа. Без разлика против кого играме, со оглед на ситуацијата и отсуството на репрезентативците, бевме некомплетни непосредно до пред самиот меч. Мораме да пристапиме во мечот со многу сериозен пристап, да дадеме 100%, затоа што сакаме да ја почнеме оваа полусезона со добра игра и секако со победа. Мора да пробаме во овој февруари кој е пеколно тежок за нас да освоиме што повеќе победи“, вели голманот на „црвено-црните“.

Share.

Leave A Reply