Борозан и Гуглета во „Идеалните 7“ на 4. коло

0

Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан и десното крило на Металург, Александар Гуглета се најдоа во идеалниот тим на ЕХФ за 4. коло во Лигата на шампионите. Борозан мечот меѓу ПИК Сегед и Вардар го заврши со осум погодоци и беше еден од најдобрите ракометари на теренот, додека Гуглета пак средбата во Украина против Мотор ја заврши со седум гола и одигра перфектно прво полувреме.

Во „Идеалните 7“ за ова коло се најдоа:

ЛЕВО КРИЛО: Џери Толбринг (Некар Левен)

ЛЕВ БЕК: Вуко Борозан (Вардар)

СРЕДЕН БЕК: Габор Чачар (ПИК Сегед)

ДЕСЕН БЕК: Жига Млакар (Целје)

ДЕСНО КРИЛО: Александар Гуглета (Металург)

ПИВОТ: Камил Сипчак (Барселона)

ГОЛМАН: Иван Пешиќ (Брест Мешков)

Share.

Leave A Reply