Борусија (Д) има перманентен договор со Пако Алкасер

0

Борусија Дортмунд ги обезбеди услугите на новиот голгетер на тимот, Пако Алкасер за долго време. Шпанецот се согласи на нов договор со “жолто-црните”, ос што и официјално ќе стане фудбалер на Борусија. Досега, напаѓачот настапуваше како позајмен од екипата на Барселона за една година.

Неверојатниот старт во Бундеслигата со 7 гола во 4 натпревари, ги натера челниците на Борусија веднаш да потпишат перманентен договор со шпанскиот репрезентативец. Истиот значи дека германскиот бундеслигаш на Барса треба д аи плати 23 милиони евра за трансферот на Алкасер.

Share.

Leave A Reply