Најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, се повреди на последниот тренинг на германскиот тим. Тој синоќа не се појави на мечот од Лигата на шампионите против Лацио, по што стигна клупска потврда дека повредата е сериозна и тој ќе мора да паузаира на подолг рок.
Германски „Билд“ потврди дека Норвежанецот се пожалил на повреда и претпоставките се дека станува збор за скинат мускул, што би значело пауза од 4 до 6 недели. Сепак, последниот збор ќе го имаат лекарите, по специјалистичките прегледи кои треба да бидат направени.