Борусија Дортмунд ќе бара нов тренер на местото на Штегер

0

Борусија (Дортмунд) одби да објави дали нивниот тренер Питер Штегер ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната или пак ќе остане на клупата на нивната екипа.

Според весникот „Билд“, Австриецот дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во „жолто-црните“ во новата сезона, а неговиот активен договор истекува на крајот на јуни.

Предводникот на францускиот тим Ница – Швајцарецот Лусиен Фавр е според некои медиуми најсериозниот кандидат за оваа позиција на клупата на Борусија Дортмунд.

„Ние секогаш сме велеле дека Петер Штегер е првиот човек со кого ќе разговараме. Во моментов не сме имале разговор по прашањето како гледаме на иднината, па затоа е логично да нема решение”, изјавија од Дортмунд.

На Штегер беше даден краткорочен договор во декември на местото на отпуштениот Петер Бос, веднаш откако самиот Штегер замина од Келн.

Австриецот направи солиден старт, но поразот од Баерн (Минхен), како и поразот во регионалното дерби од Шалке во неделата ја однесоа Борусија на 4-то место и со опасност да пропушти настап во Лигата на Шампионите наредната сезона.

Самиот тренер очекува договорот да не биде продолжен, барем поради елиминацијата во Лига Европа.„Мојот договор завршува на 30 јуни. Не сум загрижен за тоа”, изјавил Штегер за германската телевисија „WDR“.

Share.

Leave A Reply