Борусија Дортмунд пред купување на уште еден талент од Англија

0

Играчот од средниот ред на Бирмингем, Џуд Белингам, постигна договор со Борусија (Дортмунд) за потпишување договор, пренесува весникот „Спорт Билд“.

Германскиот клуб го следи напредокот на играчот, надевајќи се дека ќе го повтори успехот на уште еден Англичанец – Џејдон Санчо, кој успеа да постигне одличен напредок во кариерата отккао дојде во Дортмунд. Манчестер Јунајтед исто така се обидуваше да го привлече младиот играч на Бирмингем.

16-годишниот играч има одиграно 32 натпревари оваа сезона, постигнувајќи 4 гола и 2 асистенции. Неговиот клуб сака да добие околу 35 милиони евра од оваа зделка.

Share.

Leave A Reply