Од денес стартува второто коло по рестартирањето на фудбалот во Германија. По паузата од два месеци поради пандемијата коронавирус во Германија ќе се игра фудбал, сепако и понатаму пред празни трибини.
Сепак од Борусија Мехенгладбах најдоа начин како да ја ублажи траорната атмосфера која е сега со празните трибини на стадионите во Германија. Тие одлучија на своите фанови да им овозможат да бидат присутни на трибините со своја фотографија која чини нешто помалку од 20 евра за што можат да добијат своја картонска фигура која е поставена на „Борусија Парк“.
Средствата собрани од оваа акција челниците на клубот ќе ги донираат во хуманитарни цели. Борусија Менхенгладбах утре е домаќин на Баер Леверкузен, па на стадионот веќе се поставени околу 20.000 картонски фотографии со ликот на навивачите на домашната екипа.