Бостон максимално го искористи домашното буниште

0

Кошаркарите на Бостон Селтик го совладаа Кливленд во текот на ноќ со 107 спрема 94 и поведоа со 2-0 во финалето на Источната конференција во НБА лигата.

Домаќините иако лошо го отворија мечот, максимално го искористија периодот кога се повреди главната ѕвезда на противникот Леброн Џејмс и направија недостижна предност. Во победничкиот состав лидер кај поентерите беше Браун со 23 поени пред Роуз кој постигна 18.

Во редовите на гостите, Леброн Џејмс, дојде до 22. „трипл-дабл“ во плеј-оф кариерата. „Кралот“ постигна 42 поени, 12 асистенции и 10 скока. По двата меча во салата на Бостон, сега серијата ќе се пресели во Охајо на теренот на Кливленд.

 

Share.

Leave A Reply