Ботас беше најдобар на тестирањето во Бахреин

0

Пилотот на Мерцедес, Валтер Ботас, постигна најдобро време на вториот ден од првата серија тестови додека трае сезоната во Формула 1. Финецот на патеката „Сахир“ на која пред три дена се реализираше Гран При трката на Бахреин, постигна време од 1:31.280 мин и направи најмногу кругови од сите пилоти – вкупно 143.

Втор остана победникот од неделата, Себастијан Фетел од Ферари. Четирикратниот светски шампион направи само 64 кругови и заостана за 0,3 сек од  лидерот Ботас додека Карлос Сајнц Џуниор заврши со трето најдобро време.

Возачот на Мекларен Хонда, Стофел Вандоорн, успеа да 81 круг што е рекордно достигнување за неговиот тим. Кевин Магнус со болидот на Хас, постигна петти резултат.

 

Share.

Leave A Reply