Ботас ќе ја поведе трката во Бразил а Хамилтон ќе започне од последното место

0

Новиот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон најверојатно ќе стартува од последното место на денешната трка на патеката „Интерлагос“ која ќе биде возена за Големата награда на Бразил.

Причина за тоа е инциденот во вчерашните квалификации кој му се случи за прв пат на Британецот по трката во Унгарија во 2014 година. Тогаш Хамилтон успеа да стигне дури и да се искачи на подиумот иако патеката – „Хунгароринг“ не е многу поволна за претекнување.

На денешната трка во Бразил од 17.00 часот, членот на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе започне од првото место пред возачите на Ферари: Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Share.

Leave A Reply