Возачот на Мерцедес Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Емилија Ромања, откако со одличен финиш дојде до најдобро време на квалификациите во Имола.
Луис Хамилтон имаше најдобро време во последните моменти од квалификациите, но Ботас по истекот на времето запиша време подобро за една десетинка и дојде до пол-позиција, со што најави интересна трка утре на патеката Имола. Зад нив, стандардно се пласираше Макс Верстапен од Ред Бул, кој беше далеку пред останатите возачи. Пјер Гасли заврши четврти, а понатаму следуваа Рикиардо, Албон, Леклер, Квијат, Норис и Саинц.
Трката за ГН на Емилија Ромања на патеката во Имола ќе се вози утре со почеток од 13:10 часот.