Ботас победи на „Сузука“, Мерцедес ја освои титулата кај конструкторите

0

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас е победник на трката за Големата награда на Јапонија, односно 16-та трка од Ф1 шампионатот за оваа сезона со која германскиот тим обезбеди и титула во конкуренција на конструктори.

Финецот успеа да побед на патеката „Сузука“ и да ја запиша третата овосезонска победа, а шеста во неговата кариера. На втората позиција заврши возачот на Ферари, Себастијан Фетел, додека место на подиумот имаше и за актуелниот шампион Луис Хамилтон.

На пет трки до крајот на шампионат, Мерцедес ја одбрани титулата во конкуренција на конструктори и ја освои својата шеста круна во низа, со што го собори рекордот на големиот ривал Ферари. Во следните трки останува да биде решебо прашањето за тоа дали хамилтон ќе ја одбрани титулата во конкуренција на возачи, а е на добар пат да го стори тоа.

 

Share.

Leave A Reply