Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас е победник на првата овосезонска трка во Формула 1 шампионатот. Финецот уште од самиот старт успеа да го престигне Луис Хамилтон, кој ја имаше пол позицијата, и на крајот заврши прв со предност од 20 секунди пред Луис Хамилтон.
Хамилтон во текот на трката имаше проблем со гумите што не му дозволи да го нападне Ботас и да го загрози неговото прво место.
Зад водечката двојка на Мерцедес, Ботас и Хамилтон заврши Макс Верстапен од Ред Бул. Четврти и петти беа болидите на Ферати Себастијан Фетел, односно Чарлс Леклерк.
Најдобрите 5 на трката за ГН на Австралија во Мелбурн:
1.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:25:27.325
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) +20.886
3.Макс Верстапен (Ред Бул) +22.520
4.Себастијан Фетел (Ферари) +57.109
5.Чарлс Леклерк (Ферари) +1:27.156