Ботас со пол позиција на трката за ГН на Шпанија

0

Возачите на Мерцедес повторно доминираа во квалификациите за трката за ГН на Шпанија која се вози во Барселона.

Финецот Валтери Ботас докажа дека се наоѓа во фантастична форма и ја освои третата пол-позиција во низа оваа сезона. Тој на патеката во Барселона успеа зад себе да го остави првиот возач на Мерцедес, актуелниот шампион Луис Хамилтон. Ботас имаше најдобро време од 1.15:04 минути и зад себе го остави Луис Хамилтон, додека третото место му припадна на Себастијан Фетел од екипата на Ферари.

Трката за ГН на Шпанија се вози утре со почеток од 14:00 часот.

Share.

Leave A Reply