Ботас со пол позиција во Баку

0

Валтери Ботас од тимот на Мерцедес ќе ја има пол позицијата за утрешната трка од Ф1 шампионатот која се вози на патеката во Баку за ГН на Азербејџан.

Во драматичните квалификации на патеката во Баку , Валтери Ботас дојде до пол позиција во последдниот момент од квалификациите.

Финецот со болидот на Мерцедес зад себе го остави клупскиот колега Луис Хамилтон. Тие ја потврдија доминацијата на екипата на стартот од тековната Ф1 сезона со нова 1-2 пол позиција.

Третото место во квалификациите му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, а разочарување на денот беше младиот Чарлс Леклерк. Тој ги заврши квалификациите во втората фаза кога се удри во заштитниот дел од оградата на патеката и го уништи болидот.

Четвртата трка од Ф1 шампионатот за ГН на Азербејџан се вози утре, а главни фаворити за триумфот се двата болида на Мерцедес во кои се Ботас и Хамилтон.

Share.

Leave A Reply