Ботас со пол позиција за продолжување на доминација на Мерцедес

0

Продолжува доминацијата на Мерцедес во квалификациите во Формула 1 шампионатот.

Валтери Ботас од Мерцедес денес беше најбрз пред неговиот клупски колега Луис Хамилтон и ќе тргне од првата позиција на утрешната трка на патеката „Силверстоун“. Финецот во последниот круг успеа да постигне најдобро време и да дојде до пол позицијата на трката за ГН на Велика Британија. Хулкенберг заврши зад водечкиот двоец на Мерцедес, додека до него ќе биде Макс Верстапен.

Од третиот ред ќе стартуваат Рикиардо и Штрол, додека Леклер се најде дури на осмото место. Трката за ГН на Велика Британија се вози утре со почеток од 15.10 часот.

Share.

Leave A Reply